Дисциплинската комисија на Ракометната федерација на Романија го суспендираше тренерот на Залау, Георге Тадичи на осум натпревари и го казни со парична казна од 1000 леи или околу 200 евра.
Тренерот од Романија кој има 69 години е казнет поради навреди кон своите ракометарки за време на натпреварот за 3. место во Купот на Романија. На еден од тајм-аутите Тадичи жестоко и многу вулгарно ги пцуеше своите ракометарки што не остана незабележано.
Подоцна, после завршување на натпреварот Георге Тадичи се извини за своето однесување, но и покрај тоа претседателот на Ракометата федерација на Романија, Александар Деду започна дисциплинска постапка за тренерот.
Тадичи своето однесување се обиде да го оправда објаснувајќи дека во тие моменти имал семејна трагедија односно починала неговата сестра, но тој и покрај тоа не го напуштил тимот.