Тимот на Миовени ангажираше трет тренер од стартот на оваа сезона. Романските екипи се познати по тоа што немаат многу трпение со шефовите на стручен штаб, но за разлика од првиот кој доби отказ, вториот тренер на Миовени сам си замина.
Како што пишува романскиот „Про Спорт“, нов стратег на амбициозниот тим Миовени е легендарниот Роберт Лику.
Горан Куртеш беше отпуштен по поразот во првото коло од романсиот шампионат, а неговата замена Јон Михаила, иако имаше солидни резултати, си замина поради лошото судење во Романија.
Лику е легенда на романскиот ракомет и втор стрелец во историјата на националниот тим. Тренерската кариера ја почна во младинските селекции на Магдебург, беше дел од ЧСМ Букурешт и од стручниот штаб на репрезентацијата, па во женскиот Рапид Букурешт.
По седум одиграни кола во Романија, Миовени е на десеттото место со две победи и пет порази.