Ги водеше Пелистер, Вардар и Кометал ЃП, сега се врати во Нексе!

Поранешниот тренер на македонските Кометал Ѓорче Петров, Вардар и Пелистер – Касим Каменица, има нова функција.

Тој се врати во тимот на Нексе Нашице каде што ќе ја има улогата на советник во клубот. Каменица го водеше Нексе пет сезони од 2008 до 2013 година, кога овој тим се пробиваше на балканската и европска сцена.

Босанецот минатата сезона беше дел од неговиот матичен клуб Горажде, каде освен тренерската, извршуваше и други функции во клубот.

Трофејниот стратег во богатата кариера ги водеше и Целје, Загреб, Војводина, а седеше и на клупата на некогашна Југославија, потоа Словенија, Црна Гора, Босна и Херцеговина…