Поранешниот руски репрезентативец и член на Вардар, Сергеј Горбок, во иднина би можел да биде асистент во машката сениорска репрезентација на Белорусија.
Горбок во минатата сезона го предводеше тимот на Виктор Ставропол со кој оствари солидни резултати во „зборнаја“.
Белорусија, исто како и Русија, е под санкции од ЕХФ и ИХФ поради случувањата во Украина.
Сепак, тоа не е пречка за екс ракометарот на Вардар да го има првиот ангажман на репрезентативно ниво.
Левиот бек токму во Вардар ја заврши својата професионална кариера и со „црвено-црниот“ тим во сезона 2018/19 ја освои титулата во Лигата на шампионите.