Репрезентацијата на Македонија на првиот дуел на Европското првенство беше убедливо поразена од актуелниот олимписки првак Франција, со резултат 24:14, во натпревар од групата Ц, која се игра во Скопје.
Свое видување за играта против Франција даде репрезентативката Леонида Гичевска, која нагласи дека Франција ја има најдобрата одбрана во Европа, па така денешниот резултат е сосема очекуван.
„Ова за нас беше првпат да играме на едно големо натпреварување и тоа се почувствува во играта. По тие лоши 10-15 минути, мислам дека работите беа подобри. Ова е големо искуство за нас, секој почеток бил ваков на секоја генерација. Мислам дека ако се подобриме во некои работи, пример во нападот, да биде потечна играта и топката да движи, ќе бидеме подобри со Холандија. Франција освен што е квалитетна на индивидуална ниво, ја има најдобра одбрана во Европа и не имаше доста добро анализирано. Голманката одлично си ја одработи својата задача“, изјави Гичевска
Следен предизвик за избраничките на Љубомир Савевски е натпреварот против Холандија.
Македонија ќе се соочи со Холандија на 7 ноември со почеток од 18:00 часот во СЦ ,,Борис Трајковски”.