Екипата на Олној Ејмери за која сезонава ќе настапува репрезентативката на Македонија, Леонида Гичевска имаше одличен старт на сезоната во Втората лига на Франција откако ја совлада Стела со 32:27.
Првите три бода беа освоени на натпревар во кој беше јасно дека домашните се решени да дојдат до бодови и стигнаа до одличен старт бидејќи Стела е тим кој лани до последен момент се бореше за пласман во најсилната лига и го освои 2. место.
На оваа средба интернационалката од Македонија успеа да реализира двапати, а покрај тоа имаше и две асистенции.
Оваа победа за тимот на Олној Ејмери е најава за убава сезона и борба за висок пласман. Инаку, со овие дуели практично стартуваше сезоната во 2. лига на Франција.