Репрезентативката на Македонија, Леонида Гичевска има одличен почеток на сезоната во кој веќе стигна и до третата победа со својот тим , Олној Ејмери.
На домашен терен обезбедија триумф против Рејндер од 31:23 откако имаа одлично второ полувреме во кое доминираа и го оставија противникот на само девет гола после негативата од 13:14 после првите 30 минути.
Гичевска мина 44 минути на терен на овој дуел, а имаше и висок процент на реализација. Погоди четирипати од пет шута со што беше меѓу поефикасните во својата екипа.
Ојлон Ејмери е на делба на првото место со вкупно девет бода колку што имаат и Ст. Аманд и Ахенхајм. Со тоа уште сега се најавува кандидатура за освојувње на првото место.