Поранешната репрезентативка на Македонија, Мери Гичева во продолжението од сезоната ќе настапува во косовскиот шампионат.
Искусната ракометарка токму на почетокот на оваа сезона од Косово се врати во Македонија и потпиша за Гевгелија.
Сепак, клубот од најјужниот град од Македонија немаше забележителни резултати во Женската лгиа и не обезбеди настап во плеј-оф фазата.
Гичева доби понуда од Феризај и одлучи да му помогне на косовскиот суперлигаш во разигрувањето за титулата на Косово.
Прилепчанката во својата кариера настапуваше за Кометал Ѓорче Петров, Еуростандард Ѓорче Петров, Кабран Амбалажа, Жито Прилеп, Деспина, Верија (Грција), Цетате Дева (Романија), Верона (Италија) и во косовските Приштина, Вучитрин и Феризај.