Селекторот на Германија, Алфред Гисласон, го објави скратениот список од 18 ракометари што ќе бидат дел од подготовките пред настапот на СП.
Предводник на Бундес тимот ќе биде кружниот напаѓач и капитен Јоханес Гола, а меѓу повиканите најисусен е Патрик Грецки од Рајн Некар Левен со 33 години.
Од помладите тука се средниот бек Јури Кнор, пивотот Тим Зехел и младиот голман Јоел Бирлем, кој доби предност пред искусниот Силвио Хајнефетер.
Германците се собираат на 2 јануари, а пред настапот на Мундијалот, ќе одиграат две пријателски средби со Исланд.
Германија е во група со Катар, Србија и Алжир, а доколку Македонија се пласира во главната рунда ќе вкрсти со три селекции од групата каде што игра Бундес тимот.