Грчкиот тим ПАОК Солун предводен од македонскиот голман Виктор Гигов забележа нова победа во првенството на јужниот сосед.
ПАОК славеше на гостински терен кај незгодната екипа Верија со 34-28, откако на полувреме имаше само минимална предност, 16-15.
Најзаслужен за високиот триумф беше токму Гигов, кој имаше блескава партија и одбрани 18 удари на ривалот.
ПАОК сега има пет од пет во групата Б од првенството, а следен предизвик ќе им биде домашниот меч со Пилаијас.