Тимот на ПАОК Солун, каде брани Виктор Гигов, ја заврши полусезоната на ист начин како што ја почна – со победа.
ПАОК комплетираше 12 победи на 12 натпревари во групата од регуларниот дел на сезоната, а последната беше на гостински терен кај Пилаијас со 20-26.
Меѓу најзаслужните за триумфот беше Гигов кој собра двоцифрен број интервенции, а ПАОК напролет ќе стартува со максимален број бодови во плеј-офот.
Тимот од Солун има 12 бода, пред АЕК со 10 и Олимпијакос со 8, но сигурно нема да им биде лесно да му „украдат“ титулата на АЕК Атина.