Тимот на ПАОК Солун, каде што брани македонскиот голман Виктор Гигов, забележа нов триумф во првенството на јужниот сосед.
ПАОК на домашен терен минимално го победи составот на Филипос Верија со 33-32, иако на полувремето имаше плус три, 17-14.
Солунскиот тим и Гигов сега имаат 11 победи на 11 натпревари во групата 2 и останува да го одиграат уште двобојот на гости кај Пилаијас до крајот на годинава.
По регуларниот дел, ПАОК, заедно со Аеропос Едеса, АЕК Атина и Олимпијакос, напролет ќе разигрува за титулата во грчкиот шампионат.