Тимот на ПАОК, каде што брани македонскиот голман Виктор Гигов, ја забележа седмата победа во седмиот натпревар оваа сезона.
ПАОК на домашен терен прослави убедлив триумф над Фаикас Корфу и славше со седум гола разлика, 30-23.
Голем дел од заслугите за новите бодови на тимот од Солун одат на адреса на македонскиот интернационалец.
ПАОК досега нема загубено ниту еден бод, за разлика од АЕК и Олимпијакос, кои имаат по едно реми, а следен предизвик за Гигов и неговиот тим ќе биде мечот со Драма.