Реми, 30:30 одиграа Елверум и ПСЖ во првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите. ПСЖ водеше во најголем дел од натпреварот, но Елверум на крајот успеа да дојде до реми од 30:30.
Ситуација која се најде во центарот на вниманието од овој натпревар се случуваше и после завршувањето на борбата на теренот. Ракометарите на Елверум останаа во салата и откако натпреварот заврши им помогнаа на волонтерите да го исчистат теренот.
Гест на норвешкиот тим кој ги заслужува сите пофалби.