Германците ќе немаат пауза – Во четири години домаќини на четири шампионати

Ракометната федерација на Германија ќеима доста работа од 2023 до 2027 година со оглед на тоа што е добиена организација на дури четири големи натпреварувања, а последното дојде после одобрувањето на ИХФ на заедничката кандидатура со Грција.

Германија и Грција се договорија да го организираат Светското првенство за младинци (играчи до 21 година) во 2023 година. Тие ќе ги пречекаат најдобрите селекции од светот, а завршницата на овој турнир ќе се игра во Германија. Овој турнир ќе се игра од 20 јуни до јули, а ќе биде најава за три големи натпреварувања во сениорска конкуренција.

Германија е домаќин на Европското првенство за мажи во 2024 година. Во 2025 година следува Светското првенство за сениорки, а тој шампионат ќе биде организиран заедно со Холандија, додека во 2027 година следува и Мундијалот за сениори.