После освојувањето на 12. место на Светското првенство во Египет, селекторот на Германија се исплаши од ситуацијата со неговите ракометари пред натпреварите од квалификациите за Олимписките игри во Токио и побара промена на календарот за натпреварување во Бундес лигата.
Алфред Гисласон упати барање за несекојдневен потег бидејќи досега се нема случено Бундес лигата да менува календар. Се случувало екипите да отпатуваат со втора постава во Лигата на шампионите поради тоа што натпревар од Бундес лигата не се одлагал.
Факт е дека селекторот делува исплашено особено откако виде како играат противниците во квалификациите. Швеѓаните кои дојдоа без осум ракометари кои се стандардни во тимот и одиграа неверојатно досега и се на пат кон четврт-финале се еден од трите противници. Тука е и Словенија која со само еден пораз отпадна од шампионатот, додека и Алжир може да биде многу незгоден состав.
„Имам само четири денови а тренинг пред квалификациите. Тоа е премалку. Барам уште неколку дена за да можеме да се подготвиме подобро. Мислам дека ова е важно за сите“, коментираше Гисласон.
Квалификациската група во која е Германија се игра од 12 до 14 март во Берлин. Конкуренцијата е силна, а две репрезентации ќе се пласираат на Олимписките игри.