Нема крај на корона хаосот во германската репрезентација, која има дури 13 заразени ракометари со коронавирусот.
Германците размислуваа да се откажат од Европското првенство поради големите проблеми, но веројатно нема ништо од тоа и ќе продолжат да настапуваат со тие играчи што ги имаат на располагање.
Сепак од ЕХФ е побарано да се одложи дуелот со Шпанија што треба да се игра вечерва во Братислава од 18:00 часот, бидејќи до почетокот на мечот нема да има резултати од тестовите на новоповиканите ракометари, а станува збор за искусното десно крило Тобијас Рајхман од Мелсунген, како и двоецот од Бергишер – Давид Шмит и Лукас Штуцке.
Во главниот град на Словачка се играат натпревари на 20, 21, 23 и 25 јануари, па евентуално овој двобој би се одиграл на 22 или 24 јануари, секако доколку одобри ЕХФ.