Германците потврдија: Томовски го напушта Лудвигсхафен и потпишува за топ клуб од Македонија

Голманот на репрезентацијата на Македонија и на тимот на Лудвигсхафен, Мартин Томовски дефинитивно го напушта клубот од Бундес лигата на крајот на оваа сезона и се враќа во Македонија.

Пред неколку дена 24ракомет објави дека тој ќе биде голман на Вардар во следната сезона, па со оваа потврда од Германија информацијата добива на потврда и сега останува само да биде претставен и веќе од ова лето да се врати во Македонија и да продолжи со кариерата во „црвено-црниот“ дрес.

Во медиумите во Германија беше објавено дека тој после две години поминати во Лудвигсхафен си заминува и потпишува за топ клуб од Македонија, а веќе е јасно дека тој тим е Вардар.

„Мартин дојде кај нас како многу млад голман и тој сè уште е млад и со многу потенцијал. Тој прифати понуда од врвен клуб од неговата земја. Ова е сосема разбирливо за неговите амбиции во нционалниот тим и зборува многу за одлично сработената задача овде“, вели директорот на Лудвигсхафен, Лиза Хелер.

Дека Томовски ќе дојде во Вардар стана познато пред неколку дена односно меѓу двете средби против Данска. Сега со ова само е потврдена веста дека си заминува од Лудвигсхафен и доаѓа во редовите на Вардар.