Селекторот на Германија, Кристијан Прокоп, го објави конечниот список на патници за Европското првенство во Австрија, Норвешка и Шведска.
На него има 17 ракометари, од кои 16 ќе добиваат шанса на средбите во Трондхајм против Шпанија, Летонија и Холандија.
Ракометната јавност во Германија е изненадена од изборот на Прокоп и се прашува зошто го нема главниот дефанзивец Фин Лемке, зошто Битер доби предност Хајнефетер на голот…
Од претходно го немаше левото крило на Магдебург, Матијас Муше, кој е еден од најдобрите стрелци во Бундес лигата, а предност доби Тимо Кастенинг кој ќе формира дуо со неизбежниот Генсхајмер.
Го нема ниту Штефан Вајнхолд, кој се враќа на терените по повредата, додека изоставен беше уште еден играч на Кил – голманот Дарио Квинштет.