Репрезентацијата на Германија, која во Египет допатува во изменет состав, стартуваше според очекувањата со убедлива победа над Уругвај, 43-14. Јужноамериканскиот тим немаше многу шанси покрај дел од новајлиите во бундес ростерот, кои сакаа да се докажат пред селектор Гисласон.
Победникот беше познат и пред да почне натпревар, а беше потврден уште по првиот дел. Германците со една постава го играа првото полувреме, а со друга второто.
По дваесетина минути беше 8-1 и беше јасно дека ќе се гледа игра на мачка и глушец. До паузата беше обезбедена предност 12 погодоци, 16-4.
Во вториот дел уште поефикасни беа Германците, но и Уругвајците ако ништо повеќе постигнаа повеќе погодоци во голот на Хајневетер. Мечот заврши 43-14.
Најефикасни во германскиот состав беа Кун со четири гола, а крилата со Генсхајмер и Рајхман со по три погодоци, додека кај Уругвај се истакна Морандеира со четири. Од групата А останува вечерва да се одигра натпреварот меѓу Унгарија и Капе Верде.