Германија со поразот од Шведска остана без шанси за пласман во полуфиналето на Европското првенство во Унгарија и Словачка.
Сепак германската јавност нема за што да им замери на ракометарите, со оглед на проблемите со коронавирусот.
Селекторот на „панцирите“, Алфред Гисласон, нема да може да смета ниту на Патрик Винчек и Симон Ернст за дуелот со Русија.
Тие двајцата добија позитивни резултати на тестовите и Гисласон остана само со 14 ракометари пред последниот натпревар.
Со оглед на тоа што овој дуел не одлучува ништо, нема да бидат повикувани нови ракометари и Германија ќе излезе на терен со тие што може да играат.