Двете шампионски титули во три години, играњето со срце, и кога од аутсајдер излегува на крај како шампион на Европа му донесе на Вардар многу нови навивачи и симпатизери низ целиот свет. „Црвено-црната“ армија е особено голема во Европа, а кога потврдата доаѓа од Германија, една од земјите каде се игра најквалитениот ракомет тогаш тоа е особено важнo и вредно признание.
Приказната е за германското семејство кое има голема желба да го гледа Вардар во Скопје, во прпеолната сала „Јане Сандански“, да ја почувствува пеколната атмосфера, одличното навивање од трибините. Она што досега го гледале на ТВ им е голема желба да го имаат како лично и животно искуство. Ерик Вестерхејде е директор на регионалната банка на Шпаркасе Мителмосе. Не е тоа мала банка бидејќи вработува 600 луѓе и има актива од 2,6 милијарди евра.
Многумина биле изненадени кога на деловните состаноци се појавил со заштитна маска со амблемот на РК Вардар. Таквата маска била лично изработена од него и ја користел во секоја пригода. И целото семејство (сопругата, трите ќерки и бабите) се снабдени со оригинален дрес на Вардар. Кога оди да гледа ракометен натпревар, па дури и на репрезентацијата секогаш го носи дресот на Вардар.
Ерик нема омилен клуб во Германија, но затоа силно ги обожува Чупиќ, Дибиров, Стоилов и Дисингер.
„Имам голема желба да го гледам Вардар во „Јане Сандански“, или пак да одам да го гледам мечот на Веспрем и Вардар. Се надевам дека повторно ќе ги гледам во Келн“ вели Вестерхејд.
Тој беше двапати во Келн во времето кога Вардар стана европски првак. Се надева и на трета среќа.
Се гледаме во „Јане Сандански“ и во Келн.