Македонскиот репрезентативец Томислав Јагуриновски и некогашната ракометарка на Вардар, Ања Алтхаус се новиот љубовен пар на ракометната сцена.
Двајцата беа на трибините во СЦ „Борис Трајковски“ каде се играше мечот меѓу женските селекции на Македонија и Украина.
Јагуриновски оваа зима се пресели од Пролет во Вардар, додека Алтхаус е дел од стручниот штаб на тимот на Скопје.
Таа по завршувањето на кариерата остана во Скопје, сега ќе биде дел од женската селекција на ракомет на плажа која ја чека настап на ЕП.
Алтхаус е чест посетител на натпреварите на Вардар кога игра Јагуриновски и на социјалните мрежи често му изјавува љубов.