Покрај Италија и Македонија, денеска на ракометните терени во рамките на ЕХФ неделата беа и селекциите на Хрватска и Германија. На пријателскиот натпревар што се одигра во „Арена Загреб“, гостинските ракометари победија со минимални 25-26.
Лино Червар имаше измешан состав, со неколку младинци од СП во Скопје, но и покрај тоа Хрватите се држеа во првиот дел, кога најчесто се играше гол за гол. На пауза се замина со 12-13 за Германија. Во второто полувреме гостите имаа во поголем дел плус два, но Мандиќ на пет минути до крај донесе израмнување, 25-26.
По неколку промашени акции на двете страни, Германците погодија на минута до крајот за 25-26, а Циндриќ и Шебетиќ не погодија во последнта акција за домашните. На девет секунди до крајот гостите имаа нов напад, Шего одбрани, но немаше време за реми.
Овие две селекции ќе одиграат уште еден контролен натпревар во Хановер на 26 октомври.