Германија и Египет ќе играат за полуфинале, ќе им судат Начевски и Николов

Последниот натпревар кој е на програмата во четврт-финалето во машка конкуренција утре ќе донесе двобој меѓу составите на Германија и Египет, а на овој дуел својот шестти натпревар на игрите ќе го имаат судиите од Македонија, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

За нив ова е веќе натпревар број 6 на Олимпијадата и доказ дека редовно се на поинтересните средби во денот односно на дерби дуелите.

Се очекува ова да биде израмнет натпревар така што ќе имаат уште еднаш одлична средба за судење, а Роберто Парондо и момците добиваат одлични судии за да можат да дадат максимум против Германија.

Драган Начевски е еден од делегатите на овој натпревар, а тој ќе биде меѓу официјалните лица и на првата средба меѓу Франција и Бахреин.

Интересен момент е тоа што сестрите Бонавентура ќе се најдат на теренот на средбата меѓу Данска и Норвешка која е трета на програмата во утрешното машко четврт-финале.

ОЛИМПИСКИ ИГРИ (МАЖИ)

ДВОЈКИ ЗА ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ

ВТОРНИК, 3 АВГУСТ

02:30ч

ФРАНЦИЈА- БАХРЕИН (Лах/Сок – Словенија)

06:15ч

ШВЕДСКА – ШПАНИЈА (Шулце/Тонис – Германија)

10:00ч

ДАНСКА – НОРВЕШКА (Бонавентура/Бонавентура – Франција)

13:45ч

ГЕРМАНИЈА – ЕГИПЕТ (Николов/Начевски – Македонија)