Македонската репрезентативка Симона Стојковска и во следната сезона ќе ги брани боите на германскиот Цвикау.
Таа веќе две години настапува за Цвикау, кој за следната сезона обезбеди настап во елитната Бундес лига.
Битолчанката е еден од најдобрите стрелци на екипата, која има само два порази на 24 одиграни натпревари оваа сезона.
„Во Цвикау напредував многу и стигннав до националниот тим, што ме прави многу горда. Среќна сум што ќе останам уште најмалку една сезона. Тимот е одличен, и едвај чекам нови убави моменти пред нашите навивачи“, изјави Стојковска.
Стојковска во Македонија играше за Феникс и Металург, додека на меѓународна сцена беше дел од грчкиот ПАОК и германскиот Некарсулмер.