Германија забрани масовни собири до 31 август, Ф4 во Келн нема да се игра?!

Европската ракометна федерација очигледно ќе биде на големи маки во следната седмица. За 24 април е најавена конечна разврска за продолжението на европската сезона, а Видерер потврди дека Ф4 ќе се игра во Келн на 22 и 23 август.

Сепак ЕХФ веројатно ќе мора да менува со оглед на тоа што во текот на вчерашниот ден, германската канцеларка Ангела Меркел објави дека се забрануваат масовни собири во Германија дури до 31 август!

Тоа значи дека ако ЕХФ не сака да ја смени локацијата или да го откаже завршниот турнир ќе мора да се игра без гледачи, а да се игра без гледачи за европската куќа на ракометот, нема да се исплати, со оглед на тоа што најмногу пари се заработуваат од билетите.

Доколку овие мерки останат на сила, освен за Ф4 во Лигата на шампионите, ЕХФ ќе мора да ја смени локацијата или да го откаже и завршниот турнир во ЕХФ Купот, кој треба(ше) да се одржи на 30 и 31 август во „Штадхале Арена“ во Берлин.

Освен европските купови, најверојатно ниту Бундес лигата нема да го доживее својот крај сезонава на теренот.