Вардар го пореживеа битолскиот вулкан и успеа да слави во салата „Боро Чурлевски“ со 23:26. Со оваа победа Вардар се врати на првата позиција на табелата. До крајот на првенството Вардар сам ќе одлучува за својата судбина во последните три кола.
Еден од најискусните во редовите на Вардар, Гоце Георгиевски истакна дека сепак, се уште ништо не е готово и дека со ладни глави треба да се одиграат последните три кола.
„Направивме голема работа, не знам што да кажам чувството е многу добро, фантастично е да победиш во една ваква атмосфера на овој тежок терен. Знаевме дека ќе биде тешко, но покажавме карактер, сила и моќ – покажавме дека Вардар победува тогаш кога е најпотребно. Од се срце им честитам на противниците за големата борба. Првенството се уште не е заврешно, имаме уште три натпревари и одиме со ладни глави да ја одбраниме титулата“.
До крајот на плеј-офот, Вардар ќе игра против Еурофарм Пелистер 2 и Тиквеш дома, а ќе му гостува на Бутел Скопје, додека битолчани ќе го пречекаат Бутел Скопје, а ќе гостуваат кај Охрид и Еурофарм Пелистер 2.