Георгиевски: Падот на концентрацијата во финишот нè чинеше бодови

Вардар загуби од унгарскиот вицепрвак ПИК Сегед со 26-28 во заостанатиот натпревар од Лигата на шампионите.

Десното крило Гоце Георгиевски се надева дека екипата ќе има уште подобро издание на вториот меѓусебен дуел во четврток.

„Честитки за ПИК Сегед. Беше многу тежок меч, игравме добро посебно во првиот дел во одбрана и во напад. Во второто полувреме, тие заиграа подобро. Во последните десетина минути ја загубивме концентрацијата, промашивме неколку чисти ситуации и тие победија. Сега ќе се подготвуваме за дуелот во четврток и се надевам дека ќе бидеме подобри“, вели Георгиевски.

Следен предизвик за македонскиот тим ќе биде гостувањето кај истиот ривал на 18 февруари.