Ракометарите на Вардар в четврток ги очекува првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите против унгарскиот гигант Веспрем.
Десното крило Гоце Георгиевски ги повика навивачите за поддршка на тешкиот натпревар против познатиот ривал.
„Добро познат противник ни е Веспрем, доста квалитетна екипа со премногу квалитетни играчи, минатата година игравме со нив. Се подготвуваме неколку дена за Веспрем. Можам да ги повикам навивачите да ни дадат поддршка затоа што ќе ни биде потребна. Ние ќе гледаме да го испочитуваме тоа што ќе се договориме на тренинзите. Колку ќе успееме тоа да го прикажеме на терен, мислам дека поблиску ќе бидеме до целта“, вели Георгиевски.
Георгиевски посочи дека е предност на Вардар што првиот натпревар го игра на домашен терен.
„Предност е што првиот натпревар го играме дома, но тешко е за зборува за разлика која би била доволна. Некогаш и пет гола предност се малку, а никогаш и еден гол е многу“, изјави Георгиевски.
Натпреварот меѓу Вардар и Веспрем се игра в четврток во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 18:45 часот.
Дејвис: Мора да играме максимално 60 минути, ако сакаме победа над Веспрем