Георгиевски најдобар стрелец, Анастасовски дебитираше за Анже

Тимот на Анже, каде што настапуваат македонските интернационалци Кристијан Анастасовски и Дарко Георгиевски, забележа пораз кај Селеста.

Анже загуби на гостински терен со 37-34, во натпревар од 5 коло во француската Втора лига.

За Анастасовски ова беше деби во новиот клуб. Тој постигна еден гол од три ободи, а заработи и едно исклучувае.

Георгиевски беше најдобар стрелец на натпреварот и успеа да погоди шест пати од шест обиди, сите од пенал.

Анже во следното коло ќе игра на гостински терен кај Понто Комбо.