Високиот триумф над Алжир од 40-25 делуваше мотивирачки за македонскиот национален тим пред престојните 3 натпревари во кои ќе водиме битка да ги избегнеме последните места на Мундијалот.
Еден од најискусните на теренот беше десното крило Гоце Георгиевски кој видно задоволен од денешниот перформанс на теренот, најави борба и остварување на целта а тоа се победи на преостанатите натпревари.
Одличен натпревар за нас.Ја заслуживме оваа победа бидејќи игравме одлично и во одбраната и во нападот. Наша цел е да победиме во преостанатите натпревари до крајот на СП. Следен противник за нас е Тунис за кој треба добро да се подготвиме и одиме на победа на тој натпревар- изјави Гоце Георгиевски.
Натпреварот против Тунис е на програмата во сабота со почеток од 18:00 часот.