Македонија го започна квалификацискиот циклус за ЕП 2024 без неколку стандардни искусни ракометари, ако Дејан Манасков отсуствуваше поради повреда, Стоилов, Лазаров и Миркуловски ја завршија репрезентативната кариера. Репрезентацијата е млада, но останаа неколку искусни играчи кои треба да бидат столбот на разумот во овој колектив. Еден од нив е секако Гоце Георгиевски, десното крило на Вардар кој со своето присуство е голема помош и поддршка за младите ракометари.
Нов квалификациски циклус, подмладена репрезентација, на прав пат сме… Добро тренираме имаме доста млади играчи во тимот и не очекува многу работа. Има млади играчи, но со голем потенцијал и тоа го покажавме и денес, постигнавме многу голови, ова е само еден добар почеток на оваа репрезентација која се надевам ќе ги повтори или надмине оние успеси кои беа претходно.
Поголемиот дел од неговата генерација повеќе не настапува во репрезентацијата, а тој заедно со Манасков, Митревски и Пешевски се дел од искусната постава на Македонија, каде подготвени се да им се придружат и лидерите на оваа македонска репрезентација Талески и Кузмановски.
Имаме неколку поискусни играчи кои ја даваме нашата поддршка на помладите. Знам што значи тоа бидејќи и јас бев млад играч. Тука сме да им помагаме на млаите мислам дека добро ќе се вклопат во оваа репрезентација и со нашето искуство се надевам ќе придонесеме кон подобри резултати.
Следниот натпревар Македонија го игра за 4 дена (16.10.2022), а гостува во Ван кај Турција,директен ривал за место на Европското првенство 2024.
Македонија со „новите момчиња“ доминантно и триумфално го почна патот на ЕП 2024