Тимот на ЧСМ Букурешт, каде што настапува македонскиот интернационалец Гоце Георгиевски, загуби на реванш средбата од третото коло во Челинџ Купот.
По триумфот на првиот меч со 34-28, ЧСМ Букурешт загуби од белоруската Машека Могилев со 28-25, но и покрај тоа обезбеди место во осминафиналето.
Георгиевски беше најефикасен ракометар на теренот со седум голови и беше меѓу најзаслужните за пласманот на романскиот клуб во следната фаза.