Тимот на ЧСМ Букурешт, каде што игра македонскиот репрезентативец Гоце Георгиевски, оствари голема победа на домашен терен во 14. коло од романскиот шампионат.
ЧСМ прослави триумф над незгодниот состав на Потаиса Турда со 30-26, а нашето десно крило беше најзаслужно за бодовите.
Георгиевски беше прв стрелец во неговиот тим и на теренот воопшто со осум голови од десет обиди, а ЧСМ се искачи на трето место на табелата со 26 бодови.