Тимот на Шампион оствари триумф во натпреварот од 12 коло од Женската лига против Кузман Вардар со 25-20.
Гостинките беа рамноправен ривал, но како одминуваше првиот дел, Шампион ја преземаше контролата на теренот, па на пауза имаше плус два, 14-12.
Во второто полувреме Шампион се одлепи на плус пет, 18-13, но во финишот избраничките на Александра Кузмановска намалија на 22-20.
Сепак попуштија во завршните минути, Шампион постигна три гола во серија и ја обезбеди победата.
Најдобри стрелци кај победникот беа Ана Георгиевска со 11 и Симона Димитриевска со пет погодоци, додека кај Кузман Вардар се истакна Ивана Стојмановска со шест гола.