Откако Боб Хенинг застана во одбрана на селекторот Крисијан Прокоп после Европското првенство и најави дека тој останува да ја води репрезентацијата во Олимписките квалификации се случи изненадувачка смена на клупата.
После две недели од изјавата, Прокоп беше заменет од искусниот тренер Алфред Гисласон кој минатото лето остана без ангажман откако замина од Кил. Капитенот на Германија, Уве Генсхајмер е многу изненаден од ваквата одлука.
„Останав без зборови, шокиран сум. Не се надевав дека ќе се случи ова. По резултатите не би можел да го претпоставам ова. Неколкупати повротивме дека имавме добар однос со Кристијан и го почитувавме. Затоа не можам да ја разберам оваа одлука без разлика колку голмо име е Гисласон“, рече Генсхајмер.
Репрезентацијата на Германија го освои 5. место на Европското првенство во Австрија, Шведска и Норвешка што очигледно не ги задоволи апетитите на водечките луѓе во ракометната федерација на Германија.