Алжирскиот репрезентативен голман на Вардар, Калифа Гедбан, во следните две сезони ќе ги браните боите на Адемар Леон.
Тој за шпанскиот „Леонотисиас“ откри која е причината што заминува од Скопје на лето.
„Мојот договор со Вардар истекува на крајот на јуни 2020 година, па бев слободен за наредната. Финансиската ситуација во клубот е тешка, па затоа не сакав да останам“, вели Гедбан.
Не е само што шпанскиот тим кој сакал да го види Гедбан во своите редови.
„Како што кажав, сакав да си одам од Вардар. Неколку клубови од Шпанија и од Франција ме контактираа, но сакав да играм во клуб што ќе биде дел од европските купови и да растам како играч. Го одбрав Адемар поради тренерот Маноло Каденас. Адемар ме бараше и пред да потпишам за Вардар кога играв на СП за младинци во 2017 година. Поранешниот тренер на Вардар, Давид Писонеро, исто така ми кажа многу убави работи за Адемар Леон“, заврши Гедбан.
Ако не продолжи првенството во Македонија, СЕХА и Лигата на шампионите, тој веќе го одигра последниот натпревар за Вардар, а тоа беше оној против Нексе во СЕХА лигата.