Поранешниот голман на Вардар, Калифа Гедбан кој сега настапува во Романија за екипата на Динамо Букурешт во интервју за романскиот gsp.ro сподели повеќе интерсни детали.
Алжирецот меѓу другото истaкна дека неговата втора љубов е готвењето и веројатно со тоа би се занимавал да не е ракометен голман.
„Доколку не бев голман мислам дека ќе бев готвач, многу добар готвач“, рече Гедбан.
Главна цел во кариерата му останува да освои што повеќе трофеи.
„Дали некогаш сте виделе спортист да се измори од освојување на трофеи? Со Димано Букурешт следната сезона сакаме да го своиме првенството, Купот на Романија, да бидеме уште подобри во Лигата на шампионите, се надеваме на втор круг а зошто да не и фајнал-фор“, вели Гедбан.
Калифа Гедбан беше дел од Вардар, кога македонскиот тим по вторпат стана европски шампион, а потоа играше во Адемар Леон, пред да замине во Динамо Букурешт.