Екипата на Гевгелија, која во новата сезона ќе влезе со поголеми амбиции од претходната, со последните две нови засилувања го комплетираше составот за новата натпреварувачка сезона, 2022/23.
Нови ракометарки во тимот на Гевгелија се Елена Рипилоска и Лиле Димитрова. Новите членки на Гевгелија пристигнаа од Деспина Прилеп и веќе со новиот тим ги одработија првите тренинзи.
Претходно Гевгелија ги ангажираше двете поранешни репрезентативки на Македонија, Мери Гичева и Ленче Илкова, кои со своето искуство се очекува да ја водат екипата кон место во плеј-оф фазата.
Гевгелија во новата сезона ќе игра во групата А заедно со Скопје, Шампион, Спартак, Куманово, Пелистер, Чаир и Вардар. Најдобрите четири екипи ќе обезбедат пласман во плеј-оф фазата, додека екипите кои ќе завршат од 5 до 8 место ќе играат во плеј-аут групата.