Тимот на Вардар, по поразот во Куманово, се врати на победничките патеки во Женската лига, откако славеше над Гевгелија со 25-27.
Иако на полувреме домаќинките водеа со 13-12, а на пет минути до крајот и водство со 25-23, сепак останаа со празни раце.
Андреа Седлоска погоди четири пати во серија во последните моменти и му ја донесе победата на Вардар со 25-27.
Голманката на домашните, Ана Марија Горковска имаше 15 интервенции, додека Јована Трајковска од Вардар исто така бранеше одлично и собра 20 одбрани.
Најдобри стрелци кај домаќинот беа Попова со девет, како и Пецевска и Петковска кои постигнаа по пет. Кај Вардар се истакна Седлоска со седум, а пет постигна Николиќ.