По поразите од Деспина и Вардар, ракометарките на Гевгелија го запишаа првиот триумф во новата сезона од Женската лига.
Избраничките на Татјана Бојкова славеа на домашен терен против составот на Ѓорче Петров со 26-20.
Во првиот дел беше неизвесно до 5-5, пред гевгеличанки да се одлепат на 9-5, а до крајот на полувремето направија и плус шест, 15-9.
Гостинките на стартот на вториот дел намалија на 15-11, но потоа влегоа во „црна дупка“, па Гевгелија ги казни сите нивни грешки и стигна до убедливи 20-11.
До крајот немаше дилеми околу победникот. Во домашниот тим се истакнаа Јовеска со седум, како и Митрова и Митревска со по шест голови, додека кај Ѓорче Петров, Цветановска даде осум погодоци.