Екипата на Гевгелија запиша нови бодови на домашен терен во 6. коло од Женската лига. Тие беа подобри од составот на Ѓорче Петров со 22:19.
Гостите од Скопје имаа подобар почеток на натпреварот и имаа водство во поголемиот дел од првото полувреме. Последните минути беа кризни за нив што Гевгелија го искористи за преземање на водството и на одмор замина со 10:8.
Во вториот дел Гевгелија успешно го контролираше резултатот и сигурно го приведе до крај натпреварот со позитиен резултат. Со оваа победа гевгеличанки се искачија на средината на табелата со по две победи и порази и едно реми.
Најдобра во екипата на Гевгелија беше Бојана Пецевска со седум гола, а зад неа со пет гола беше Михаела Митревска. За Ѓорче Петров седум гола постигна Јана Донева и беше најефикасна во својот тим.
ГЕВГЕЛИЈА – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ 22:19 (10:8)
Сала: 26 април во Гевгелија. Гледачи: 100. Судии: Војо Христовски и Бобан Мајнов. Делегат: Лери Мирчески.
ГЕВГЕЛИЈА: Каранфиловска, Басова, Мандалова, Попова 2, Пецевска 7, Митревска 5, Горковска, Попова 2, Митрова, Петковска 3, Тимчева, Ибрахимовиќ, Митрова 3.
Седмерци: 3/4. Исклучувања: 12 мин.
ЃОРЧЕ ПЕТРОВ: Маринова, Донева 7, И.Петровска 4, Ј.Петровска, Кежаровска, Србиновска 3, Јовановска, Малцева, Ѓоргиева, Гркова, Антеска, Цветановска 5.
Седмерци: 4/4. Исклучувања: 6 мин.