Гевгелија не дозволи изненадување во Скопје, чекори кон плеј-оф

Ракометарките на Гевгелија во натпревар од Групата А во Супер женската лига беа подобри од составот на Кузман Вардар со 30:24. Со новите бодови, Гевгелија ги задржа шансите за пласман меѓу најдобрите четири екипи во својата група.

Избраничките на Александра Кузмановска рамо до рамо се носеа со поискусната екипа од Гевгелија, посебно во првиот дел, но грешките во второто полувреме беа кобни за нив. И двете екипи имаа водство во воведниот дел. Домаќинките водеа со 8:7, а малиот пад во нивната игра беше искористен од страна на гостинките кои со серија од 3:0 поведоа со 10:8. На полувреме, Гевгелија замина со предност од три гола разлика, 13:10.

Ракометарките на Татјана Бојкова започнаа да се одлепуваат на три до четири позитива во второто полувреме и до последната секунда ја контролираа играта. Домаќинките во 45. минута намалија на минус два, 20:22, но до самиот крај немаа доволно сили да направат камбек или евентуално изненадување.

Најефикасна во редовите на Гевгелија беше поранешната репрезентативка на Македонија, Драгица Митрова со десет гола. Вања Ангеловска и Ивана Стојмановска со по шест гола беа најефикасни во Кузман Вардар.

СУПЕР ЖЕНСКА ЛИГА – ГРУПА А

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080