Ракометарките на Чаир се зацврстија на втората позиција на табелата во Групата А од Женската лига откако дојдоа до победа на гостувањето кај Гевгелија во 11. коло со 33:24.
Чаирчанки немаа многу проблеми да стигнат до победата иако Гевгелија добро се држеше во првото полувреме. Во завршните минути домашниот тим намали на минус еден, но на полувреме беше 17:15.
Во продолжението Чаир потполно доминираше на теренот и сигурно го водеше натпреварот кон победа и освојување на нови бодови. На крајот гостите забележаа висок триумф со кој се доближија до Куманово и се зацврстија на својата позиција.
Михаела Митревска со девет гола беше најефикасна во екипата на Геевгелија, а Бети Петковска имаше шест погодоци. Во тимот на Чаир најефикасна беше Стефанија Ѓеоргиевска со осум гола, додека Ленора Рахмани заврши со седум погодоци.
СУПЕР ЖЕНСКА ЛИГА – ГРУПА А
ТАБЕЛА