Чаир триумфално низ Гевгелија, се израмни со Вардар на врвот

Ракометарките на Чаир на гостувањето во Гевгелија кај истоимената екипа забележаа победа, со резултат 29:25, во натпревар од Женската лига.

Чаир, кој во Гевгелија допатува без неколку стандардни ракометарки, имаше мал пад во играта во вторите 30 минути, но избраничките на Басри Љатифи не дозволија домаќинот да направи сензација.

Гевгелија во првото полувреме беше рамноправна до 10 минута, а по водството на домаќинот од 3:2, гостинските со серија од 4:0 го презедоа водството, поведоа со 5:3 и до крајот на полувремето имаа целосна контрола. На пауза резултатот беше 13:9 за гостинките.

Откако Чаир во продолжението дојде до водство од 15:9, домаќинките чекор по чекор фаќаа ритам и во последниот период од дуелот целосно се вратија во игра. Составот на Гевгелија во 45 минута израмни на 18:18 и го направи натпреварот понеизвесен.

Беше и 19:19, пред Чаир да влезе во брзина и за само неколку минути да ја осигура победата. Чаир постепено градеше сигурна предност во финишот, ги казни грешките на неискусниот противник и дојде до поубедлива предност.

Најефикасна во победничката екипа беше Љеонора Рахмани со седум погодоци. Кај Гевгелија се истакна искусната Мери Гичева со шест гола.

ЖЕНСКА ЛИГА ГРУПА А