Оваа сезона е завршена од поодамна за хрватскиот репрезентативец и член на Вардар, Анте Гаџа.
Тој ги повреди лигаментите на коленото, тоа мора да биде решено со оперативен зафат, а паузата ќе биде околу шест месеци.
Тоа значи дека Вардар нема да смета на организаторот на играта до крајот на оваа година, додека би стратегот на „црвено-црните“ би требало да го има на располагање за пролетниот дел од сезоната 22/23.
Вардар пред два дена го ангажираше Божо Анѓелиќ, тука се Мартин Карапалевски и Марко Мишевски, па ќе биде покриен на средната бековска позиција.
„Црвено-црните“ во неделата во Кавадарци стигнаа до 15. трофеј во Купот, а ги делат уште две победи (Бутел Скопје и Тиквеш) до нова шампионска титула во Суперлигата.