Репрезентативецот на Словенија, Драган Гајиќ на социјалните медиуми им ги честиташе новогодишните празници на фановите и ја искористи приликата да го најави своето заминување од Веспрем. Тој во шампионот на Унгарија пристигна во 2016 година.
Како што претходно ексклузивно најави 24Ракомет, по крајот на сезонава на Веспрем ќе се приклучи десното крило на Вардар, Данил Шишкарев, а токму со заминувањето на Гајиќ ќе се ослободи место на десната крилна позиција.
Во објавата Гајиќ истакна дека сеуште е мотвиран да игра како и првиот ден пред 18 години и се заблагодари на фановите и клубот за досегашната поддршка. Сепак тој само најави заминување, а не и името на новиот клуб.