На натпреварот со Црна Гора, Хрватите назад во ростерот го имаат левото крило Давид Мандиќ.
Тој се врати на местото на Валентино Равниќ, кој доби позитивен тест, па Мандиќ кој во меѓувреме доби негативен тест веднаш допатува во Будимпешта.
Мандиќ пред два дена беше позитивен, но најновиот тест вели дека е негативен и се врати во составот. Хрватите веднаш се прашуваа како може Мандиќ, кој беше позитивен за викенд, а сега толку брзо доби негативен тест?
На крајот, според пишувањата на „Спортске Новости“, е установено дека организаторот на ЕП ги измешал тестовите на двајцата ракометари, односно Давид Мандиќ со Матеј Мандиќ, кој има корона и се наоѓа во карантин.
Давид Мандиќ, кој е важен играч во играта на Хрватска, на ова ЕП играше само против Франција, кога доби црвен и син картон, а потоа беше казнет со еден меч неиграње, па доби информација дека е позитивен. Сепак грешката е исправена и тој му се стави на располагање на Хрвоје Хорват.