Машката кадетска репрезентација на Македонија обезбеди место во полуфиналето на ЕХФ шампионатот во Летонија, откако славеше против Косово со 39-16.
За МВП на мечот беше прогласен голманот на Македонија, Иван Галевски, кој успеа да одбрани 17 удари на противничките ракометари.
На вчерашниот меч МВП беше Давид Брестовац, двајцата одлично бранеа и на младинскиот ЕХФ шампионат, па селекторот Стојановиќ не треба да се грижи за голманската позиција.
Македонија утре има ден одмор, пред да се соочат со Летонија на 11 август во меч за првото место во групата.